Повеќејазична информативна линија за дијабетес

Телефонскиот број на нашата повеќејазична информативна линија е 1300 801 164. Со помош на преведувач може да разговарате со викторискиот персонал на Дијабетес Австралија за спречувањето, справувањето и поддршката во врска со дијабетесот.
Ова услуга е бесплатна и е лесна за користење. Таа е на располагање на повеќе од 170 јазици. Доволно е да ги следите следните чекори:

  1. Јавете се на 1300 801 164, од понеделник до петок помеѓу 9 наутро и 5 попладне,
  2. Кажете го вашиот јазик.
  3. Останете на линија додека да добиете преведувач. Ве молиме почекајте на линија неколку минути.
  4. Разговарајте со персоналот на Дијабетес Австралија – Викторија со помош на преведувач.

Може да разговарате со нашите советници за дијабетес и диетичари кога:

  • Кај вас или кај некого од вашето семејство е диганостициран дијабетес
  • Ви е тешко да се справите со вашиот дијабетес
  • Не сте сигурни за вашата дијагноза или за симптомите на дијабетес
  • Не знаете кои информации ви се потребни
  • Не знаете каде да добиете информации за вашата состојба
  • Не ги разбирате информациите што ви се дадени
  • Не сте сигурни што да јадете

Може да разговарате со нашиот службеник за застапување кога:

  • Поради вашиот дијабетес се соочувате со неправеден однос на работа или на други полиња на јавниот живот
  • Ви треба помош да ги заштитите вашите права
  • Ви треба помош за да разговарате за вашите потреби во врска со дијабетесот
  • Ви треба помош да се поврзете со други служби
  • Имате идеи или сугестии за подобрување на услугите и информациите за дијабетесот
     

Информации на македонски јазик

Спречување на дијабетес тип 2 (македонски и англиски)
Живејте добро со дијабетес тип 2 (македонски)
Живејте добро со дијабетес тип 2 (англиски)

Национална програма на услуги за дијабетес (NDSS)

Националната програма на услуги за дијабетес (NDSS) обезбедува пристап до голема низа субвенционирани продукти, образовни програми и информации, за да им се помогне на луѓето со дијабетес да им е достапен здрав живот. Регистрирањето е бесплатно. Прашајте го вашиот доктор, јавете се на нашата повеќејазична информативна линија на 1300 801 164 или посетете ја интернет страницата ndss.com.au за уште денес да се зачлените во NDSS.
Ако сакате да разговарате на македонски, ве молиме јавете се на 1300 801 164.

Групи за поддршка на луѓето со дијабетес

Групите за поддршка на луѓе со дијабетес се наменети на луѓето со дијабетес, нивните семејства и негуватели.
Користи од групите за поддршка на луѓето со дијабетес се:

  • Тоа е одличен начин да се сретнат други луѓе со дијабетес.
  • Тоа им помага на луѓето да станат попозитивни во справувањето со дијабетесот.
  • Луѓето кои членуваат во групите за поддршка помалку страдаат од депресија и имаат помалку проблеми со дијабетесот.

Групите за поддршка на луѓе со дијабетес обезбедуваат:

  • Истражувања за дијабетесот
  • Информативни листови за дијабетесот
  • Советници за дијабетес и диетичари
  • Можност за учење еден од друг
  • Билтен
  • Можност за учество во информативни сесии и настани
  • Финансиска поддршка за вашата група преку дотации
  • Пристап до координатори на програми за поддршка на луѓето со дијабетес тип 1 и тип 2

Групи за поддршка на луѓе со дијабетес тип 1 и тип 2 може да најдете низ цела Викторија. „Кликнете“ тука за да видите каде.
За повеќе информации, ве молиме јавете се на координаторот на групите за поддршка на луѓето со дијабетес на 03 9667 1731.
Ако сакате да разговарате на македонски, ве молиме јавете се на 1300 801 164.

Бесплатни сесии за разбирање на дијабетес тип 2

Ние одржуваме бесплатни сесии за дијабетесот на други јазици освен англискиот. Нив ги одржуваат обучени двојазични здравствени советници. Сесиите се достапни на македонски јазик. 
Траење на сесиите: 75 минути                                                                        
Минимален потребен број: 10
Сесијата ќе опфати:

  • Што е дијабетес тип 2?
  • Како дијабетесот влијае врз вашето тело
  • Симптоми на дијабетес
  • Ризични фактори за дијабетес
  • Како да го намалите ризикот да добиете дијабетес

Симнете го од тука формуларот за пријавување (само на англиски) 
Ако сакате да разговарате на македонски, ве молиме јавете се на 1300 801 164.

Бесплатни сесии „Намали го ризикот – Живеј добро“

Ние одржуваме бесплатни сесии „Намали го ризикот – Живеј добро“ на други јазици освен англискиот. Нив ги одржуваат обучени двојазични здравствени советници. Сесиите ги обезбедија Cancer Council Victoria, Diabetes Australia – Vic и the Heart Foundation.  
За повеќе информации, кликнете тука: www.cancervic.org.au/other_languages/reduce-risk-live-well
Ако сакате да разговарате на македонски, ве молиме јавете се на 1300 801 164.