Macedonian

Програма за културна разноликост

Ние сме врвно тело за потрошувачите и водечка добротворна организација што ги претставува сите луѓе засегнати од шеќерната болест и оние што се изложени на опасност од оваа болест. Нашата цел е да ги задоволиме потребите на целата заедница, вклучувајќи ги културно и јазично различните групи.

Кај луѓето родени во областите на Јужна и Источна Европа има повисока стапка на појава на шеќерна болест отколку кај населението што е родено во Австралија. Кај луѓето што потекнуваат од тие области исто така има повисоки стапки на престој во болница и на смртност што се должат на шеќерната болест.

Информации за состаноците за подучување за шеќерната болест

Ние одржуваме состаноци за подучување и спречување на шеќерната болест на македонски јазик за групи од заедницата ширум Мелбурн. Лицето за здравствено подучување кое зборува македонски јазик e обучено за пренесување на пораки за спречување и за подучување за шеќерната болест, во кои спаѓаат унапредувањето на телесната активност, и одржувањето на здрава телесна тежина и на здрав начин на исхрана за да се намали опасноста од појава на шеќерна болест од тип 2.S

Времетраење на состанокот: 60 минути

Најмал потребен број на присутни: пет

Соодветно и за машки и за женски групи

Состанокот е сосредоточен на зголемувањето на свеста за шеќерната болест и на намалување на опасноста од добивање шеќерна болест од тип 2. Опфатени се следните теми:

  • Што е тоа шеќерна болест?
  • Како влијае шеќерната болест на вашето тело
  • Кои се знаците на шеќерната болест
  • Што причинува опасност за добивање на шеќерна болест од тип 2
  • Намалување на вашата опасност да добиете шеќерна болест од тип 2

Закажете состанок за подучување за шеќерната болест

За да закажете состанок за подучување за шеќерната болест за вашата група во заедницата, јавете се кај Службеникот за унапредување на здравјето (Health Promotion Officer) на (03) 9667 1733.

Повеќејазична информативна телефонска линија

Дали сакате да зборувате со некого за спречувањето на шеќерната болест или постапувањето при шеќерна болест? Кога ќе се јавите на нашата Повеќејазична информативна телефонска линија (Multilingual Infoline) ќе ве поврзат со подучувач за шеќерна болест (Diabetes Educator), со стручњак за исхрана (Dietitian) или со службеник за застапување (Advocacy Officer) и со преведувач, по цена на локален телефонски повик.

Информативна телефонска линија на македонски јазик: 1300 801 164